​Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.

Денес претседателот на Алијансата за Албанците, г. Зиадин Села се состана со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. На оваа средба, претседателот Села го информираше амбасадорот Која за актуелната политичка состојба во земјата, со посебен акцент на економската криза предизвикана од пандемијата на Kовид- 19, како и напорите за економско закрепнување.

Во овој разговор се дискутираше и за прашањето за попис на населението и домаќинствата, подготовка на законот за попис и пописниот процес што се очекува да започне следната година, што мора да биде веродостоен и во согласност со стандардите на Евростат.

Другата главна тема на оваа средба беше темата за функционирање на владеењето на правото, која е поврзана со почетокот на преговорите со ЕУ, како и сите предизвици што можат да се појават во текот на овој процес. Претседателот Села го информираше амбасадорот Која за континуираниот придонес на Алијансата за Албанците во процесот на евроинтеграција, ветувајќи дека Алијансата за Албанците секогаш ќе биде поддршка на секој политички процес што би го забрзал членството на Македонија во ЕУ како единствена економска алтернатива и политика на сите граѓани на Македонија.