Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира денешната повторно висока бројка на новозаразени и починати од Ковид-19.

- 640 новозаразени и дури 12 починати. А законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните туку за надлежностите и процедурите.

Но, не ја испуштија можноста да посочат виновници и направат политика. И додека се чека 27-ми, кога и е на дневен ред законот, фали уште и луѓе да умираат по улици, бидејќи здравствениот систем е трул, не е ефикасен и е пренатрупан.

Бог нека ја чува Македонија. Очигледно владата тоа не го може одамна, коментира Мицкоски.