Одлуката за напуштање на Собранието на пратеникот Игор Дурловски е негов личен став кој ние го почитуваме, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако пратеникот на “Коалицијата за Обнова на Македонија“ и носител во изборната единица 5 вечерва соопшти дека го напушта Собранието.

Тоа е личен став на Игор Дурловски кој ние го почитуваме. Како што кажува и самиот, останува верен на Македонија, но и на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој, меѓудругото, останува стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакнуваат од партијата.

Игор Дурловски претходно преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека поднесува оставка од пратеничкото столче во Собранието.