Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност. Ако мислевме дека транзицијата беше нашиот најтемниот период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има и полошо, рече на денешниот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека одговорноста не само кај Лидија Димова, туку таа е пример за лошото работење на целата влада.
- И да не се чудиме. Иако сакаат да ја локализираат одговорноста во само еден човек Лидија Димова, можам искрено и од срце да ви кажам дека не е таа причината за лошото раководење на институциите. Таа е последица и добар пример за лоша работа, за тоа како се краде народот, а богами и европските пријатели. Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал, рече Мицкоски.
Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал, додаде Мицкоски.
- Власта е во фаза на пред византиска пропаст. Каде опиени од власт, од многу пари, беззаконие и политички блуд добиваат лажна сила, и надменост иако внатре се е труло и фиктивно, како што е фиктивен оној бројчаник кој Заев го ветуваше на Триумфалната порта, а никогаш не проработе. Сеачи на магла се тие. 4 години убедуваат дека само што не ни тргнало, а станало од ден на ден се полошо и полошо. Ниту еден проблем не решија, ниту едно прашање достоинствено не затворија. И во таква една ситуација најдоброто што знаат да го изустат, е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање со надеж да ги свртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. Епа еве да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое немаме јасен и прецизен став, исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниту еден проблем кој што е секојдневие на народот во Македонија.