Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по третпат во живо ќе одговара на прашањата на граѓаните, овојпат во недела навечер од 20 часот.
И оваа недела (01.11.2020), вечерта ќе ја започнам дружејќи се со вас! Со почеток во 20 часот, со мојот тим, ќе ја одржиме третата по ред Facebook сесија во живо. Знам дека имате многу прашања, ова се турбулентни времиња за сите нас и дефинитивно ни се потребни промени. Затоа ги читам вашите мислења, прашања и идеи и сакам да бидам поблиску до вас! истакна Мицкоски.