Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик.

Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.

Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.

Да спасиме живот!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ