Министерката Шахпаска со денешната прес конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат. Во градинките до вчера имало 86 заболени вработени и 26 позитивни деца на ковид 19. Дополнително 484 деца се во изолација. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите кои биле преземени.

ВМРО-ДПМНЕ предлагаше ваквите протоколи и подготовки за старт на работата на градинките да се направи посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки. На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме брзо да закрепнат, а на властите да отпочнат час поскоро со сериозен и систематски пристап, бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ