Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил ги искоментира твитер објавите на Претседателот Стево Пендаровски кој честитајќи го денот на независноста на Чешката Република во два наврати пингаше (обележуваше) погрешни твитер профили.
После двата неуспешни обиди, Пендаровски се реши целосно да го избрише твитер постот
- Глуп и поглуп 3-ти дел: Пендаровски му честита празник на претседателот на Чешка во твит. Ништо необично нели? Аха да. Наместо чешкиот претседател пинга некој рандом трол. Јавноста забележува, тивко го брише првиот твит и уште еднаш честита – повторно пинга погрешен твитер корисник!, коментира Николоски.