Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил вели дека ако не не убие короната, тоа ќе биде загадениот воздух, коментирајќи ја неспособноста на власта да се справи и со едната криза и со другата појава.
- За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи.
Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.
Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.
Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност., коментира Мицкоски.