Во име на ВМРО-ДПМНЕ искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од земјотресот што се случи во Измир и нашите молитви се за излекување на повредените од природната катастрофа.

Денес за жал пријателскиот турски народ и Турција се соочи со сериозна природна непогода.

Како жител на Скопје, град кој ја почуствувал жестината на разорниот земјотрес и чии темели се основани на солидарност и хуманост верувам дека и Измир и погодените региони брзо ќе се вратат во нормалните текови и ќе дојде до израз меѓусебната помош, разбирање и хуманост.

По овој катастрофален земјотрес убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети.

Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ