Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи на својот фејсбук профил наслови и најави дадени од премиерот Зоран Заев пред повеќе од една година, констатира дека некој лаже повремено а само Зоран Заев лаже постојано.

- Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра.

Епилогот по година дена е:

❌долг од плус 2 милијарди евра.

❌секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра

❌за само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%

❌за 4.7% намален бројот на работници во индустријата

❌до крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%

Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект.

Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални:

❌инвестициите на Google и Facebook,

❌колку 5те инвестиции кои ги најави за септември,

❌колку решенијата за Еурокомпозит и Колска,

❌колку 700 км автопатишта,

❌колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла,

❌колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов...

Значи ништо од ова!

Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано, коментира Мицкоски.