Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го искоментира постот на министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот фејсбук профил објави видео од папагал алудирајќи на барањето на опозицијата за негова оставка.
- Денот кога смртта покоси, Венко Филипче од позиција на министер за здравство си прави и споделува забавни видеа на официјалниот фб профил.
Вакво понижување и непочитување кон човековиот живот е недозволливо ниту за министер ниту за медицинско лице!
Единствено важно му е останување во министерската фотеља!
Бесчувствителноста на максимум, нели Филипче?, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.