Заев и Филипче ги турнаа граѓаните во бездна.

Секојдневните огромни бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19 се загрижувачки. Наместо Филипче и Заев да преземат мерки за да се запре бројката да расте тие тераат ПР.

Власта да се грижеше за граѓаните немаше да ги намали за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестиции.

Владата на Заев очигледно дека не знае како да се справи со ситуацијата, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните.

Бараме веднаш да бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници и за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, и да се формира специјална КОВИД комисија.

Не се должни граѓаните да ја трпат неспособноста на Заев и Филипче. Владата докажа дека не знае да даде одговор на кризата, покажа дека не само што не е кадарна туку и има незнаење.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ