Власта на СДСМ без никаков срам се фали дека обезбедува средства за справување со здравствените и економските последици од пандемијата.

Наместо тие и министерот за здравство, Венко Филипче да водат повеќе грижа за здравствените работници тие им фрлаат трошки. Поради нивната неспособност Република Македонија е рекордер по бројот на новозаразени и починати во светски рамки. Филипче наместо да води грижа за здравствените работници, новозаболените од КОВИД-19 тој си објавува пародии и видеа со папагали.

Кога станува збор за економски мерки не може да се каже во никој случај дека власта води грижа за граѓаните кога поради нив од почетокот на пандемијата до денес над 40.000 ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи. Поради нивните погубни политики во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари.

Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова. Тие заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Колку побргу си замине оваа криминална од власт, толку ќе биде подобро за сите

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ