Власта на Зоран Заев го доведе здравствениот систем во Македонија на дното.

Здравствениот систем крахира а Владата на Заев во изминатите четири години не вложи ништо за инвестиции во здравството.

Додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави 140 болнички возила, Владата на Заев во изминатите години набави само 12 амбулантни возила. Венко Филипче е одговорен за хаосот во здравството бидејќи имаше девет месеци да го припреми здравствениот систем, а тој водеше политички кампањи. Власта да се грижеше за граѓаните немаше да ги намали за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство.

Срамно, ниско и неодговорно е тоа што Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии и видеа со папагали. Додека имаме над 1000 мртви во Македонија, Филипче си прави пародии и ја дефокусира јавноста со цел да ја прикрие неговата неспособност.

Време е Венко Филипче да се врати во реалноста. За неодговорниот Филипче има 1000 причини за оставка. Факт е дека по било која стапка на споредба сме најлоши. 19-то место во светот поради смртност, а убедливо први во регионот.

Системот е комплетно нефункционален. Владата на Заев и Венко Филипче е неспособна за менаџирање на кризата.

Владата на Заев и Филипче е глува на советите и мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од експертската јавност. Се прават слепи на хаосот во здравството кој настана поради нивното лошо менаџирање. Граѓаните чекаат со денови за корона тест, многу лица со акутни, хронични и тешки болести не добиваат нега и заштита, а болниците за основните потреби бараат донации.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ