Ги предупредувам овие егзибиционисти во владата, овие есперанто политичари, да не се дрзнуваат да прифаќаат ултиматуми кои што се неевропски, бидејќи истите следната влада на ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да ги почитува, туку никогаш нема да ги земе во предвид, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото вонредно обраќање во врска со политичката ситуација и преговорите на Македонија со Бугарија во пресрет на одлуката за оддржувањето на првата меѓувладина конференција.
- Затоа ве молам, за трезвеност, ве молам за разум и трпение, Македонија, македонските граѓани заслужуваат меѓувладина конференција, заслужуваат отпочнување на преговори после сето она кое што го направија за Европа и европјаните. Македонија заслужува да биде дел од Европа. А до вас, егзибиционисти во мафијашката влада на СДСМ и Зоран Заев ве предупредувам да не си играте со чувствата на македонските граѓани и македонската нација, истакна Мицкоски.