Вчера во медиумите можевме да прочитаме вести како од најдобрите времиња на транзицијата на СДСМ.
Шверц и криминал.
Низ медиумите вчера излезе сериозна вест пропратена со слики, во која медиумите пишуваа дека е фатен камион со нецаринета брендирана роба, која вклучува и автомобилски делови и крајната дестинација била да се истовари во скопската населба Шуто Оризари.
Би сакале јавно да прашаме, дали ваков камион со нецаринета брендирана роба и автомобилски делови е фатен од страна на службени лица на МВР и однесен во полициската станица Шуто Оризари?
Дали камионот кој ја превезувал робата е на блискиот соработник и пријател на семејството Заеви, кој имено е и сопственик на фирмата „Сакаов транс“, која пак е вршител на транспортот на оваа роба? Дали робата која што се превезувала, за која што медиумите пишуваат дека е на фирмата „Винекс текстил“ е на блискиот пријател на Заеви, и бизнис партнер во одредени бизниси на семејството Заеви, Крмзов кој пак важи и за близок пријател на братот на Зоран Заев, Вице Заев.
Дали во моментите кога бил камионот однесен во полициската станица од страна на службените лица, превезувал нецаринета, односно шверцувана роба и дали има некаква белешка за тоа?
Бидејќи службените лица за тоа и го застанале и го однеле во станицата.
Дали е вистина дека вчера откако камионот бил фатен со оваа роба од неофицијално која што чини над стотици илјади евра, половина министерство, вклучувајќи ги и раководните структури на министерството се јавиле да интервенираат за да камионот бил ослободен и пуштен?
Дали е вистина дека бил вршен притисок врз полициските службеници да се заташка целиот случај, со закани дека доколку не се стори тоа ќе страдаат самите тие и нивните семејства?
Дали е вистина дека за таа ургенција директно бил задолжен блискиот соработник на Крмзов, братот на Зоран Заев, Вице Заев, за кој се споменува дека и неофицијално бил вмешан во целата шема?
Почитувани,
Вака функционира мафијата на власт. Ова се прашања кои треба да ги одговори СДСМ, МВР, но и премиерот Зоран Заев бидејќи се споменуваат лица од неговото потесно семејство и блиски соработници на неговиот брат. Тука МВР е најповикано доколку има вакво заташкување на случај сите оние кои што ѕвонеле да ургираат за заташкување на истиот случај треба да одговараат.
Мафијата од Струмица работи буквално се. Од местење тендери, до шверц на роба, цигари како во Ново Село и се останато.
Ова е мафија на власт предводена од Зоран Заев и неговото семејство. Овие луѓе не заслужуваат да бидат на власт, треба да одговараат.
Прашање: По вчерашниот Извршен Комитет, одлучивте да побарате одложување на изборите во Штип. Дали тоа ќе го побарате преку собранискиот спикер кој што ги распишува изборите? И доколку не дојде до такво одлагање, ќе предложите ваш кандидат или сепак нема тоа да се случи бидејќи веќе се шпекулираат имиња како доктор Вело Марковски и Иван Јорданов, пратеникот од Штип?
Одговор: Да, побаравме вчера и тоа е заклучок на Извршниот комитет за кој што членот на ИК и пратеникот во Собранието, Дафина Стојановска вчера имаше изјава дека бараме одложување на изборите во Штип од една и единствена причина. Тоа е оваа КОВИД пандемија, која се повеќе се разгорува благодарение на Зоран Заев и Венко Филипче. Да, истото одложување ќе биде побарано од страна на пратениците и преку собраниските процедури, за со цел да влезе во собраниска процедура и да може да бидат одложени изборите. Има повеќе од 30 илјади причини зошто би се одложиле изборите. Треба СДСМ да бидат и повеќе од разумни, да не ги интересира само нивната фотелја и спасот на нивните позиции, на Зоран Заев, на Бочварски и така натака. Кој што, меѓу другото Бочварски, како што гледаме е една од најкриминалните и нај неуспешните градоначалници на Штип.
Но, воедно има и над илјада причини зошто Зоран Заев и Венко Филипче треба да размислуваат што побрзо да си дадат оставки. Барањето за одложување на локалните изборите во Штип и во Пласница, кој што го побаравме вчера како Извршен комитет, не е само барање на ВМРО-ДПМНЕ. како што гледаме има и повеќе разумни партии кои што бараат одложување на изборите.
Така да, СДСМ и Зоран Заев треба да бидат малку поразумни, да не ги интересира единствено спасот на кариерите на Бочварски и кариерата на Зоран Заев и доколку им е важно здравјето на граѓаните, да се одложат изборите за некои посмирени времиња, во однос на корона пандемијата.
Како што реков ќе им дадеме простор да бидат разумни ќе побараме од собранието одложување на изборите а веднаш потоа кога ќе стигне и одговорот од страна на собраниските пратеници односно мнозинство ќе ги дознаете следните чекори.
Па не би сакал сега да шпекулирам со имиња нехумано е бидејќи секој дневно ни гинат десетици луѓе а изминатиов период стотици па и веќе поминавме бројка над 1.000 починати луѓе од корона пандемијата, така да еве уште еднаш им даваме простор на СДСМ да не бидат виновни за нови стотици заразени и стотици починати кои што може да бидат како резултат на нивното неумесно и неразумно однесување во Штип така да почекаме да видиме дали ќе бидат разумни и дали ќе се однесуваат совесно кон граѓаните и кон штипјани.
Прашање: Кoментар за денешниот став на иницијативниот одбор за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ?
Одговор: Тука мислам дека веќе одговорив во однос на ова прашање како второ прашање кое што е преку прашањето кое што претходно го одговорив, се работи за една иста коалиција помеѓу Зоран Заев и иницијативата и најверојатно портпаролот на СДСМ бил зафатен и не можел да одржи прес конференција па пратиле алтернативен истата таа коалиција така да не би имал што повеќе да додадам.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ