Неспособноста на Заев и Филипче закопаа 1.084 невини граѓани.

Дали министерот геноцид Филипче има грижа на совест?

Филипче на душа ќе носи 1.084 починати.

Додека Филипче држи банални и бледи прес конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница.

Филипче ветуваше монтажни болници, за да денес граѓани се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците.

Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери.

Граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од КОВИД-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термин за тестирање ни за лек.

Ова ли е здравството кое Заев и Филипче ќе го донесеа на голема врата?

Ова ли е европското здравство на Филипче и Заев?

Филипче оди си! Филипче колку повеќе седиш на министерско место само штета нанесуваш на граѓаните!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ