Смртта за македонското здравство е владата на СДСМ.
Зоран Заев и Венко Филипче го убија македонското здравство и нанесоа штета врз здравјето на граѓаните.
Гробарот Венко Филипче со својата неспособност закопа 1.096 невини граѓани.
Поради Заев и Филипче граѓаните се принудени со денови да чекаат за тестирање, човек почина чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добива инфузија во дворот на болницата. Додека граѓаните се соочуваат со негрижата и неспособноста на Филипче, функционерите на СДСМ се тестираат бесплатно и приоритетно дури и добиваат екстра терапии.
Филипче и Заев се глуви на секојдневните апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега.
1.096 причини и уште повеќе има за итна оставка на Филипче. Време е да се стави крај на геноцидот кој го предизвикаа Заев и Филипче.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ