Промената на моделот за субвенционирање на платите во приватниот сектор од линеарен во скалест и начинот на исплата на еднократната помош (од национални платежни картички, директно на трансакциски сметки) е само потврда дека првичните мерки биле тотално погрешно поставени.
Да не зборуваме за фијаското со мерката Викенд без ДДВ, фијаското со ФДИ, хаосот во угостителскиот сектор, доцнењето на ребалансот, ад-хок непромислените мерки за зголемување на конкурентноста на компаниите, никакви институционални реформи, малите ефекти од поддршка на домашната потрошувачка, ниската реализација на капиталните инвестиции и многу други промашувања периодов, говори за некадарноста и безидејноста на Владата во спроведувањето на економските мерки.
Ова е тотално НЕСПОСОБНА Влада!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ