Каква врска има конструираниот случај на СДСМ со теретаната, што и МВР на Спасовски и нивната антикорупциска тоа го потврди со изборите во Штип.
Очигледно или центарот за комуникации на СДСМ пушта соопштенија ради ред, или таму Заев не ги контролира работите. Околу оставките го повикуваме СДСМ тоа прашање да им го постави на криминалецот Зоран Заев кој во 18 години политичка кариера нема ниту една единствена легална и чиста победа. 18 години е на терет на државата, а единствено што донесе безредие, катастрофи и порази.
Изборите во Штип и Пласница покажуваат дека криминалецот Заев и Филипче се најголемата закана за здравјето на грагјаните и единствено се грижат за своите фотелји.
Ниту ниедна политичка кариера, најмалку онаа на Заев и Бочварски не е поважна од здравјето на граѓаните.
Зоран Заев да се грижеше за здравјето на граѓаните ќе ги одложеше изборите во Штип и Пласница.
Во време кога секој ден броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, илјадници наши сограѓани кои на дневна основа се заразуваат, за нас претставува вистинска лудост да се одржуваат избори.
Зоран Заев свесно ги втурнува на човечките животи во една апокалиптична ситуација.
Свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува.
Зоран Заев единствено докажа дека неговата фотелја е и над здравјето на граѓаните.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ