СДСМ е на власт цели четири години. Со се техничките влади на Спасовски вкупно шест години. И преставуваат смешни изговори за сегашната катастрофа да се обвинува ВМРО-ДПМНЕ особено што тоа се алиби за поразите на Венко Филипче и криминалецот Заев.

Впрочем токму овој министер за здравство денес беше советник на како што СДСМ тогаш го нарекуваше министерот за смрт. Ако има некакви дилеми СДСМ треба да го праша Филипче.

СДСМ и Филипче да вложуваа толку во здравството немаше да му побегне здравствениот кадар од државни во приватни болници во ек на КОВИД-19.

Да се грижеше Филипче за здравствениот систем немаше приватните специјализанти да немаат здравствено осигурување.

Во услови на пандемија, од самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ бараше да се обезбедат пари и да се пренаменат за здравство. ВМРО-ДПМНЕ предлагаше и бесплатни тестови, маски, опрема за здравство, плати за здравствени работници и сл.

Но после вториот ребаланс, Буџетот на министерството за здравство се врати на истото ниво како во првичниот буџет, односно оваа Влада за 2020 нема да одвои ниту еден денар повеќе од она што го планирала пред пандемијата. Во фондот за здравствено осигурување ситуацијата е иста.

Симболично зголемување од 4,9 милиони евра со двата ребаланси. Колку да не биде без ич. Владата на Заев не им овозможи подобри услови на граѓаните во здравството, нема ниту изградба, доградба, реконструкција на болници.

Зоран Заев и Венко Филипче го убија македонското здравство и нанесоа штета врз здравствениот кадар и здравјето на граѓаните.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ