Фудбалската репрезентација на Македонија после 30 години независност се пласираше на завршница на еден голем фудбалски настан како што е Европското првенство, рамо до рамо со најдобите репрезентации од стариот контитент.
Иако, поради корона кризата не се дозволува масовни собирања, сепак Македонците и вечерва не останаа дома па со своите автомобили излегоа да го прослават овој историски успех.