Апелите од власта за почитување на мерките во време на коронакриза денеска се ставени во втор план по историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство во фудбал.
По победата над Грузија прославата започна со автомобили а поради преголемиот број на граѓани кои излегоа на скопските улици, МВР мораше да го сопре сообраќајот во централното градско подрачје.
Во моментов прославата се случува на рекорд и традиционално на скопскиот плоштад.
Исто така, видеа на социјалните мрежи се објавуваат и од градовите ширум Македонија.