Коалицијата за обнова на Македонија се спротиставува на промените на уставот и бара признавање на македонското малцинство, почитување на македонската историја и нејзина посебност. Исто така, Коалицијата бара од Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на државата, туку да ја поддржи и да покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави.

Ова го посочи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанок на Коалицијата. Една од поважните одлуки на Коалицијата е дека истата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на нардонослободителната борба и остро се спротиставува на промените на уставот кои негирање на антифашистичкиот карактер на анродноослободителната борба.

За Коалиција, македонскиот јазик и неговите историски корени и антропологија како и неговата признаеност се неспоредлив историски факт кој е потврден и признат од целокуоната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија

Коалицијата, како што посочи Мицкоски, инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права, а кое, според него, опстојува кај нашиот истиочен сосед, и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции како што е Судот за чоивекови права во Стразбур.

-Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почиттува одлките донесени од овој Суд, а кои сеоднесуваат на оправата на македонското малцинство во Бугарија. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност, и се спротиставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се ореле за слободна и независна македонска држава, рече Мицкоски.

Како што посочи, Коалицијата потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, има свој посебен историски, правен, политички и културолошки развој. Кон овој став, додава Мицкоски, едногласно се придружуваат и припадниците од партиите на Коалцијата кои ги претстатвуваат етничките заедцници кои се различни од македонскиот народ

На средбата се истакнало дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историската ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заредника европска иднина.

Сите останати партии од Коалицијата за обнова на македонија, како што рече Мицкоски, се придружија и цврсто го поддржаат овој став.

-Коалицијата за Обнова на Македонија предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава а кои се создавани од генерации и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овј прцес за изградба на анционален консензус за ова прашање во спротуивно ке се соочи со судот на анродот историја и правда, рече Мицкоски.

Тој додаде оти Коалицијата повикува на Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија туку напротив, да ја поддржи истата и да на тој начин покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави.

-Коалицијата апелира до пријателите и сојузници од Европската Унија, европската јавност и политичари да се вложат во отворање на пристапни преговори за членство во ЕУ на Македонија и да им овозможат на македонските граѓани да ја добијат евролсоката перспектива и иднина која одамна ја заслужија по повеќедецениски дела и залагање, рече Мицкоски.