[photo] Одговорајќи на новинарски прашања, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по состанокот со претседателите на партиите кои се дел од коалицијата за Обнова на Македонија истакна дека ќе иницира средба со лидерите на опозициските партии во Клубот на пратеници бидејќи, како што рече, власта подолго време е глува на нивните барања за оддржување на лидерска средба во однос на преговорите на Македонија и Бугарија.

- Ние апелираме до власта, до Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ да се вразумат и да почнат да дејствуваат конструктивно, бидејќи начинот на кој денеска дејствуваат последиците ќе ги имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Ние сме свесни дека тврдоглавоста, инаетот и би рекол примитивниот, би рекол неразбирлив за мене надмен однос од страна на власта не води никаде, ја донесоа до бездна, пред нас е или провалја и апокалипса или нов почеток. Јас повикувам на нов почеток. Доколку власта тоа не го направи во деновите кои следат ќе ги повикам сите опозицискси партии и нивните лидери на една лидерска средба во рамките на Клубот на пратеници каде ќе разговараме за иднинатата на Македонија, ќе разговараме за сите овие напластени проблеми кои денес се наше секојдневие, а кои се резултат на погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев.


Поткупуваа, уценуваа, злоупотребуваа и успеаа заедно со нивните коалициони партнери да освојат 10 илјади гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Тој поткуп денес не доведе до бездна да бираме или асимилација или евроинтеграција. Ние не можеме со тоа да се сложиме, потребно е ресетирање на општеството, потребно е нови политичари политичари без концесии кои ќе можат да се изборат за достоинствен влез на македонските граѓани без разлика на нивниот етнички состав во ЕУ. Ние тоа го заслужуваме. Оваа Влада е минато кога порано или побрзо ќе бидат свесни за тоа, толку полесно ќе биде за нашите сограѓани поткупот, притисокот, заканите, уцените, злопуптребите, платените обвинители судии режираните вести на некои провладини медиуми нема да им помогнат. Нарот е тој кој ќе се избори за слобода, а ние сме должни како ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција да ги заштитиме интересите на можеби една од најмалите нации во Европа, а тоа е македонската нација, истакна Мицкоски.