По рекордната бројка од 40 починати пациенти во последните 24 часа во Република Македонија како последица на Ковид-19, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев да се врати во Македонија и да покаже малку човечност.
- Денес 40 луѓе ги загубија животите поради #COVID.
Зоран Заев врати се во Македонија и покажи малку човечност. Врати се од ексурзиите платени со народни пари затоа што има луѓе кои умираат, прошетките се едно, но овде се работи за животи. Сепак не заборавај дека земаш плата од народот, а нему му треба помош. Под итно да се превземат мерки за короната која е рамна на национална катастрофа, коментира Мицкоски.
Оставките веќе не се прашање на политички потег, туку нужност за државата и народот да преживеат.