Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски бара од Владата денешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост.

- Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе 🕯🕯🕯

Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 4️⃣0️⃣ животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци‼️

⚠️По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба 17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ а точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.

Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента ◾ на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства!, ппбара Милошоски.