Откако Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја информираше јавноста дека поднел предлог за измена на Деловникот на Собранието преку која ќе се овозможи пратениците кои се позитивни или сомнителни на Ковид-19 да можат онлајн да гласаат на седниците, со своја реакција излезе и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој вели дека нема пострашно од тоа првиот човек на законодавната власт да бара прекршување на Устав.

- Нема пострашен доказ за недемократско владеење од тоа претседател на Собрание да бара кршење на Устав!

Среде дипломатски пораз на меѓународен план, со клекната држава пред неконтролиран вирус, колабирано здравство во целост, со земја завиена во црнина, со галопирачки економски крах, работници оставени на улица, се предлага кршење на Устав, за без пратеници во салата да се носат закони!

И сето тоа само и само за да може да се легализира марихуаната на Заеви, да се легализираат дивоградбите на мафијата, да се продаде се што може, да се изгласаат наводни “анекси на добрососедство”, да се доискраде, присвои, земе, уништи што остана од Македонија!

Вакво одвнатре погазување на Собранието и собраниската демократија е врв на деспотски режими!

Не седница за менување деловник, туку итно се потребни седница за одговорност на Филипче, седница за одговорност на Димитров, седница за одговорност на Османи, за одговорност на Заев…

Тоа сега би било вистинската работа на Собранието Тоа од Собранието и се очекува.

Тоа е вистинската функција на Собранието, а не кршење на Устав!

Но, веќе им прејде во навика, нели?, коментира Стоилковски.