Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, г-дин Георг Вуцас.
Претседателот Ахмети најпрво му изрази сочувство на амбасадорот Вуцас за жртвите кои ги загубија своите животи во терористичкиот напад во Виена, осудувајќи го овој терористички чин со кој беа прекинати животите на мирољубиви луѓе.
Во продолжение на средбата, претседателот Ахмети го информираше австрискиот амбасадор за актуелната политичка состојба, за евро-интеграциските процеси, каде што Македонија направила доволен напредок за да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
Претседателот на ДУИ, Ахмети и амбасадорот Вуцас, се согласија дека Македонија има направено многу во постигнувањето договори со соседите, што покажа дека политичкото раководство во Македонија е решено да ја води земјата кон евро-атлантските структури и дека политичкиот грч треба заеднички да се реши.
Исто така, се разговараше за состојбата во регионот и соработката меѓу земјите од регионот, како и приоритетите на нашата земја како што се справување со пандемијата и закрепнување на економијата заедно со почетокот на преговорите со Европската Унија.
Демократска унија за интеграција