Државата е во колапс.
Во градинките има над 300 вработени заразени и 47 деца од корона, а министерката Шахпаска ја замајува јавноста со епски долги разговори за тоа дали недела ќе бил работен или неработен ден. Тоа е дефокус од вистинските теми важни за граѓаните.
Македонија е со највисока стапка на смртност од корона и на Балканот и во ЕУ.
Институтот за економски анализи и истражувања „Фајненс тинк“ објави дека околу 475.000 граѓани живеат со помалку од 2 евра на ден, во брутална сиромаштија.
50 илјади луѓе останаа без работа поради катастрофалните политики на Заев и Владата во ковид кризата.
Што ќе прави Шахпаска со загубарите и стечајните работници? Ова се вистинските прашања на кои јавноста заслужува одговор.
Никој не заслужува вакво неодговорно однесување од власта, а најмалку децата и вработените во градинките.