Рацете на Венко Филипче се крвави.

Секој ден поради неспособноста на власта имаме десетици жртви.

Што прави власта и владеачката СДСМ? Си тераат пиар. Секој ден исти прес конференции, а десетици семејства се завиваат во црно само за едно деноноќие. Македонија со убедливо најголем број на заразени и починати на милион жители споредбено од соседните држави, ЕУ и на светско ниво.

Тоа што го зборат од СДСМ, тоа што го зборува Заев кој ја предводи владата, тоа што го зборува неговиот министер Филипче е само лага.

Фактите говорат друго.

Македонија со бројка од 2.8 % е со највисока стапка на смртност на Балканот.

Македонија е со поголема смртност и на ниво на ЕУ, или на ниво на ЕУ смртноста е 2.3%, а во Македонија 2.8%.

Во Македонија бројката на починати е пет пати поголема од онаа на светско ниво.

Македонија е на дно по бројката на тестирани лица. Колку за илустрација. Словенија која по број на жители речиси колку и Македонија, досега има направено 447.973 тестови, односно 215.470 на милион жители, што е околу 35% повеќе тестирани од Македонија.

За сето ова одговорнот мора да има!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ