Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија „Клик Плус“, во Телевизија 21, истакна дека оваа Влада по бројните неуспеси треба да си даде оставка, како и да се формира Влада за национален спас за да оваа земја се справи со здравствената и економската криза.
-Предлагаме Владата да си поднесе оставка и да се формира Влада за национален спас, која ќе биде Влада на експерти кои ќе бидат експертски тим – појасни Андоновски.
Тој дополни дека со таа влада од експерти и на тој начин би можеле подобро да се справиме, да се поставиме напред и таа влада да се справи со здравствената и економската криза, но и таа влада би можела да организира избори во кои нема да има поткупи и на тој начин ќе може да се подготвиме за следните избори кои би се случиле следната година по поминување на пандемијата.