Во услови кога гледаме дека оваа Влада нема капацитет да се справи со предизвиците кои стојат пред неа, потребно е да се формира техничка, вели Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.
- Владата се однесува многу несериозно, овој е шести пат после фотографијата во авионот каде се славеше добивањето датум, да не се добие датум за преговори. Ако се згрешеше еднаш еве може да се прости но шест пати покажува дека оваа Влада нема капацитет и ние како партија сме да се бара одговорност за овие неуспеси, истакнаТаравари.