Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски потсетува на ТВ дуелот кој го имаше со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

-РЕТРО потсетување на еден антологиски дуел со Шекеринска во кој цела вечер не знаеше да каже НА КОЈ ДАТУМ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ. Не знае ни Шекеринска ни Заев. Ни денес не знаат затоа што датум за преговори нема! 4 години го лажат народот! 4 години лаги, криминал и корупција! Затоа нема преговори! Време е за ОСТАВКА! Заев е виновен!, потенцира Николоски