Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за кое е решението да се надмине целата оваа ситуација со КОВИД-19 и рече дека според него и ВМРО-ДПМНЕ е да има ексертска влада која ќе биде составена од врвни експерти кои многу подобро ќе се справат и од Караџовски и од Заев. Мицкоски во своето гостување додаде дека потребно е лидерска средба за да се смират граѓаните затоа што тие луѓе се борат за живот,а политичарите мудруваат со политиканство.

-Нашиот предлог е експертска влада. Експерти сигурно подобри од тие кои што сега се покажаа како тотално несоодветно во справувањето со пандемијата.Тоа се луѓе експерти кои многу подобро ќе се справат од политикологот Караџовски, кој што многу подобро ќе се справат од Зоран Заев. Еве јас барам само да седнеме на таа лидерска средба и да се договориме, тоа е суштината да ги смириме граѓаните , да им покажаеме дека можеме кога е најтешко да се договориме, затоа што денес знаете денеска какво е чувството кај граѓаните? Луѓето се борат за живот, а вие политичарите се надмудрувате со политиканство и токму тоа сакавме ние да покажеме свесност, одговорност и зрелост. Ајде да ги надминеме нашите политички недоразбирање и да седнеме и да раговараме , рече Мицкоски во своето гостување.