Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Гордана Силјановска Давкова пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своето гостување посочи дека Заев со своеото интеврју ја урниса македонската историја, но исто така ги поткопа и националните интереси.
„Легитимитетот на Заев не произлегува од неговиот ренесансен ум, ниту од неговата партија. Туку произлегува од пратениците“, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека наместо Заев да ги имитира бугарските политичари и да побара лидерска средба, да информира што се бараат Бугарите, тој молчи.
„Премиерот замислете небаре е крал или цар, изјавува дека не сака да влезе во кавга со лидерот на најголемата опозициска партија. Оти тоа ќе му наштети на неговите клучни разговори и преговори со Бугарија“, појасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека Заев единствено нанесе големи непоправливи штети врз Република Македонија.
„Бугарите нема да отстапат од гаранциите од премиерот. Сега почетните позиции наши не се нашите, туку се она што го кажа премиерот Заев. Нема во меѓународните односи дека можеби згрешил, можеби не ги употребил вистинските зборови, нема. Тоа е нешто што е потврдено и гарантирано за жал“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи што ќе се случува во СДСМ зависи од членовите, но партијата се наоѓа во тешка состојба поради Заев. Заев треба да ги слушне ставовите на членовите, ако не ги сослуша погубно е за партијата.
„Како може едне премиер, како може еден претседател на партија пред да се консултира со луѓе кои се историчари, кои биле со државнички квалитети да излезе и така ноншалатно за нешто што е наш живот и минато и иднина едноставно да се пазари“, запраша Силјановска Давкова.
„Јас очекував барем претседателот да побара да се обрати пред пратениците бидејќи има такво право. Доста, веќе еднаш во годината само честитки пред Нова година и фрази. Претседателите се тука за да покажат дека се на правото место кога е прашањето вакво какво што е“, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека претседателот на државата кога е најтешко на државата го нема. „Мојата теза е дека треба да се излезе со еден документ, воопшто тој не треба да биде навредлив и дека вистинскиот пат е кој? Расправа во Комисијата за надворешни работи на која што ќе дојдат од сите политички партии. И ставање селекција на приоритетите, на акцентите за сите да бидат творци на еден заеднички документ кој што ќе го носи со себе премиерот и ќе рече дека како што велат бугарските политичари ова е нешто што не обврзува за Меморандумот бидејќи народните пратеници го усвоија овој документ“, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека Собранието личи на воз без возен ред. Македонското собрание е единствено кое што нема календар, пратениците не знаат кога ќе се одржуваат седниците, кога ќе имаат средби со граѓаните. Агендата на Собранието ја диктира Владата, поради тоа во Македонија нема демократија.