Сервилната и предавничката политика на власта ја доведе Република Македонија и македонскиот народ пред тешки моменти, пред бришење.
Малку им беше продажбата на името со Грција, па сега тргуваат со најсветото. Особено за нас Прилепчани, а тоа се нашите борци од народноослободителната борба. Се тргува со илјадници знајни и незнајни херои кои својот живот го положиле за борбата против бугарскиот фашистички окупатор и придонесле за слободата на Македонија.
Еве денеска прашувам оттука каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18-мина во масакрот кај „Дабница“. Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу и другите 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ. Дали според нив загинале залудно борејќи се за својата држава? За жал, за власт ништо не е свето. Таа гази се. Затоа заедно сплотени да им кажеме доста е! Доста е со распродажбата на нашиот идентитет, јазик, култура, традиција.
Како политичка партија која својата идеологија ја темели врз вековната борба за слобода нема да дозволиме Прилеп да биде понижен. Прилеп е град херој и како таков ќе остане, бранител на светите идеали за свои на своеото.
Го повикуваме секој добронамерник да не поддржи, да го крене својот глас. Сега не е време за партиски прекупукувања и поделби. Сега е време за сплотеност, да се избориме заедно оваа власт да падне.
Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, изјава на Дејан Проданоски.