Во седиштетео на УЕФА во Нион, денес се одржа ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Најмногу внимание привлекува дуелот на шпанскиот и францускиот фудбалски гиганти Барселона и Пари Сен-Жермен.

Двојките се: Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити Лацио – Баерн Минхен Атлетико Мадрид – Челзи Лајпциг – Ливерпул Порто – Јувентус Барселона – ПСЖ Севиља – Борусија Дортмунд Аталанта – Реал Мадрид.

Првите натпревари од 1/8 финалето се закажани за 16, 17, 23 и 24 февруари, реваншите на 9, 10, 16 и 17 март.