Бесрамното лажење на СДСМ го има во секоја општина во Македонија.
СДСМ на локално ниво единствено шири корона вирус.
СДСМ на локално ниво нема ништо направено за овие неколку години.
Локалните самоуправи се наоѓаат на раб на егзистенција, а тоа најдобро го чувствуваат граѓаните.
Државните пари наместо да се пренаменат за инфраструктурни проекти, тие завршуваат во џебовите на фамилијата Заеви.
Со СДСМ на власт во општините се вработуваат партиските војници, а поради тоа општините станаа непродуктивни партиски дувла.
Власта за овие неколку години не смогна сили да започне изградба на еден километар автопат во оваа држава. Но за жал по се изгледа и догодина нема да се изгради ниту еден километар нов автопат кој го ветуваа на голема врата. Најави нема ниту дека ќе се стави цигла на барем едно ново училиште.
Очигледно е дека програмата на СДСМ „Подобар живот“ е само приказна која реалност никогаш нема да стане за македонските граѓани.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ