Ѕвездата на англискиот шампион Ливерпул, Мохамед Салах, ја остави отворена вратата за негов евентуален трансфер во еден од двата шпански гиганти, Реал Мадрид или Барселона.

-Реал и Барселона се две големи екипи. Во овој момент сум фокусиран само на одбрана на титулата во Премиерлигата и освојување на трофејот во Лигата на шампиони, но никој не знае што ќе се случи во иднина, изјави египетскиот репрезентативец во ексклузивно интервју за шпанскиот весник „АС“.

-Колку време се гледам себе си во Ливерпул ?. Тешко прашање. Сакам да ги соборам сите можни клупски рекорди, но, во овој момент, со сигурност можам да кажам дека се е во рацете на клубот“, додаде Салах.