Актуелниот англиски првак Ливерпул попладнево ја забележа својата највисока победа на гостински терен уште од 1896 година, совладувајќи го Кристал Палас во Лондон со 7:0 во воведниот натпревар од 14. коло во Премиерлигата.

Минамино, Мане, Хендерсон и по два пати Фирмино и Салах беа стрелци за историската победа со која Ливерпул се зацврсти на чело на табелата со шест бодови повеќе пред Тотенхем, кој има натпревар помалку.

За Ливерпул ова е највисок триумф во клупската историја во Премиерлигата, додека Јирген Клоп стана најуспешен тренер на „црвените“, откако стигна до својата 127 премиерлигашка победа и го надмина на вечната листа Шпанецот Рафаел Бенитез (126).