Десетнеделна суспензија и парична казна во износ од 70.000 фунти му изрече денеска Англиската фудбалска федерација (ФА) на десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипие, поради кршење на правилата за обложување.

Како што соопшти ФА, суспензијата стапува на сила веднаш, а одлуката за висината на казната е донесена по наодите од истрагата, спроведена од независна комисија.

Триесетгодишниот англиски репрезентативец минатиот јули премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра, а непосредно пред трансферот во Шпанија се обложил каде ќе ја продолжи својата кариера

Трипие ќе ги пропушти следните 12 натпревари во Ла Лига, вклучувајќи го и првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони против Челзи, на 23 февруари.

Повторно на располагање на тренерот Диего Симеоне, Трипие ќе му биде за големото мадридско дерби против Реал на 7 март.