Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер успеа да ја зачува неначната мрежата во 18. коло од германскиот фудбалски шампионат против неговиот поранешен клуб Шалке (4:0). Овој натпревар стана 197-та „сува“ мрежа во Бундеслигата за Нојер по што тој го сруши рекордот на Оливер Кан.

Поранешниот голман на Германија во текот на својата кариера имаше 196 „чисти“ мрежи бранејќи за Карлсруе и Баерн Минхен во периодот од 1987 до 2008 година.

Нојер е во Баерн Минхен од 2011 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке.


Администратор
24/01/2021 20:15