Вечерва во "Прашањето ми е следно" на Инфомакс пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи изрази загрижување дека се тргува со иднината на децата за да се постигне политички ефект. Реформите доаѓаат од под базата, а не од некоја зграда на министерство. Откако ќе направите анализа, базата покажува што треба да се направи реформски за образованието во Македонија. Во недостаток на дијагноза медицински кажано, вие решавате да терапирате. Во оваа реформа министерката Мила Царовска терапира што? Која дијагноза?, праша Мизрахи.
-Чув една реченица, дека историјата е застарена. Тоа ме зачуди, бидејќи доаѓа од еден интелектуалец. Тоа е исто како да кажете дека и математиката е застарена. Прво искречете ги сите училишта во државата. Набавете дрва за огрев во истите. Што бараме да измислуваме некој нов систем, кога немаме клупи, столчиња, табли, тоалети или кров. Особено за децата во руралните средини. Наместо некој нов образовен систем, нека имаме "лош" министер за образование кој ќе ги искречи сите училници, ќе поправи кровови на училишта, ќе донесе греење. Сите живееме во иста средина. Тогаш и не ќе може да се влече таа карта на етничка и национална основа. И тогаш ќе требате да покажете реален продукт од вас, вели Мизрахи.
Слушнав некаде дека министерката за образование Царовска како изјавува дека министерството има над 20 милиони евра буџет плус пари од странски пријатели кои што ја сакаат Македонија, продолжи Царовска.
-Тоа значи дека ние имаме вон институционална реформа, од непознат извор. Ние не знаеме кој ги праќа тие средства. И каква е оваа реформа. Дали е добра за нашите деца. Значи реформата мораат да доаѓаат од базата. Овие реформи се страшни и треба многу внимателно да се разгледаат. Затоа што ваквата реформа ќе биде на терет во основното образование врз речиси 170 илјади деца, децидна е Мизрахи.