Крајно иронично е СДСМ да говори за заштита на човекови права, заштита на жени и девојчиња, спречување на дискриминација, а не можат да решат еден случај како што е „Јавна соба“.
Неколку дена по ред се појавуваат жртви од оваа монструозна група, сведоштвата на жртвите се брутални, а институциите се без реакција.
Едно е јасно, власта не е способна да се справи со случајот „Јавна соба“.
На површина испливаа лажните заложби на оваа влада предводена од Зоран Заев.
Иако пред само неколку дена во Собранието се изгласа Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, каде министерката Шахпаска повторно ветуваше итно и неодложно постапување на институциите во случај на насилство, а сега во пракса нема никаков чекор за заштита на лицата иако содржините во групата „Јавна соба“ се најава за насилство.
Наместо Центарот за комуникации на СДСМ да ја брани неспособната влада со бледи соопштенија, нека се разбудат од зимскиот сон функционерите и да реагираат веднаш, за да се спречи понатамошна злоупотреба и создавање на нови жртви.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ