Зоран Заев и СДСМ се неспособни за спроведување попис по европски стандарди и по критериуми на Евростат.

Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција,со штелувани бројки, а не статистичка операција. Пописот е неопходен за креирање на идна стратегија во државата.

Пописот во Македонија е потребен и неопходен, но како статистичка операција.

Заев турка попис на сила спротивно на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот.

Бројките и процентите се однапред договорени, а доказ за тоа е двојниот потпис кој што ќе послужи како гаранција доколку еден од коалиционите партнери не е задоволен од резултатот.

Власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.

Ова само гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. Заев да не бега и да одговори дали дилот за пописот, резултатите, бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај?