На вечерашното „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, критикуваше за корупцијата која постои во Македонија, како и по Извештајот на фондацијата Херитиџ, ако има кој да го прочита од Владата нека го стори тоа, затоа што корупцијата е евидентна во земјава.

-Погледнете на Херитиџ во 2019 година сме 33 место , 2020 година 41-то место, а една о забелешките дека Владата трошела јавни финансии за социјални трансфери каде постои сомнеж за корупција, тоа го вели реномирана американска светска фондација, нека го прочитаа извештајот, ако има некој да го прочита, на пауза помеѓу крадењата нека го прочитаат да видат што ни кажуваат нашите сојузници кои ни мислат добро, критикуваше Мицкоски.

Во бројните критики кон власта и владеење на СДСМ Мицкоски посочи дека е срамота земја аспирант кон ЕУ да биде на 111-то место по корупција и да се споредува со земји како Лесото и Принципе, а за да се промени тоа потребна е општествена поддршка, затоа што власта си ги гледа само крадењето на своите провизии кои ги зема од граѓаните, па по тоа ако се продолжи вака не 111-то место туку 333-то ќе бидеме следната година.