СДСМ и понатаму продолжува да турка попис спротивен на сите европски стандарди и на само на два месеци пред пописот сеуште нема методологија за истиот.
Доколку СДСМ и Заев водат грижа за државата и граѓаните веднаш нека го повлечат постојниот Закон за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис.
Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.
ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните ќе повика на масовно попишување на населението во државата и на сите македонци од дијаспората.
Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ