Очајни се обидите на СДСМ и Диме Велковски да претстават дека капиталните инвестиции претставуваат врвен приоритет за криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев.

Единствена капитална инвестиција во владеењето на Зоран Заев и СДСМ за овие речиси четири години е зголемување на имотот и богатството на семејството Заеви и неговите соработници.

Владата на СДСМ е толку неспособна што не може дури ни да ги доврши инфраструктурните проекти започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а камо ли пак да започнат нови.

Единствена работа која што ја направија на инфраструктурен план е играњето чочек во тунел.

Касни и гасификацијата која што до сега требаше да биде готова, а просекот на реализација на капиталните инвестиции во изминатите три години е под 70 проценти што значи дека владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги троши расипнички за криминални тендери во четири очи задоволувајќи ги желбите и интересите на криминалната банда на чело со Заев.

Наместо да продаваат гол популизам да се фатат за работа за доброто на граѓаните на Република Македонија, а доколку не знаат ВМРО-ДПМНЕ знае како и има план и стратегија.

За Македонија и граѓаните да одат напред, СДСМ и Заев мора да си заминат и тоа веднаш.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ